Облаците го пораснаа Преспанско езеро 1 сантиметар, кога властите ќе мрднат 2 сантиметри?

Дождовите минативе денови беа поволни за водостојот на езерата и реките во Македонија. За еден сантиметар е зголемен водостојот дури и на сиромашното со вода Преспанско езеро.

Едноставно, видоа облаците дека македонските власти тешко се помрднуваат и еден конкретен сантиметар за да го спасат прекрасното езеро, па затоа со дождови се потрудија водостојот да се подигне за симболичниот еден сантиметар.

Браво за облаците.

Сега останува другите сантиметри да ги средат надлежните институции. И мора да се побрза, оти последните мерења покажуваат дека водостојот на Преспанското Езеро е пониско од повеќегодишниот просек за јуни и тоа за дури 1,86 метри.

Ќе мрднат ли барем некој сантиметар оние кои скапо ги плаќаме да се грижат за Македонија?

А доказ дека ако се грижат има начин да се спаси езерото кај Ресен е фактот дека сега нивото на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисоко од просечното. Таму поодамна се преземаа конкретни мерки.

До сега за Преспанското езеро имаше десетици состаноци, шведски маси, предлог проекти, намери…

Претходна вестШто г.г. Стефан му кажа на патријархот Вартоломеј за црквите на МПЦ-ОА во дијаспората?
Следна вестМакедонија ќе ги толкува изјавите на германскиот канцелар Шолц?