400 санкционирани возачи на мотоцикли, 84 возеле без дозвола

Вкупно 400 мотоциклисти биле казнети во изминативе седуме дена од страна на полицијата при контролите на сообраќајниците во земјава. МВР денеска соопшти дека во периодот од 06.06. до 12.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 400 возачи.

-Од нив, 242 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 84 возеле без возачка дозвола, 13 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола, 18 поради истечена осигурителна полиса, 14 мотоцикли биле нерегистрирани, а санкционирани се и други прекршоци, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, предупреди МВР.

 

Претходна вестСреќа немало деца: Падна таван во градинка во Карпош
Следна вестНово покачување: Бензините поскапи за 1,50, дизелот за 3 денари по литар