Санкции за 258 возачи, 16 возеле без дозвола

Само на територијата на град Скопје вчера се изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои 16 за возење без возачка дозвола, соопшти МВР.

-Изречени се и 9 санкции за некористење на сигурносен појас, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон и 8 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на  заштитна маска изречени се 23 санкции, се наведува во информацијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Претходна вестВладата реши да се купат лесни оклопни возила од САД вредни 15 милиони долари
Следна вестСе бара притвор за дилерот кој снабдил дрога за забавата во станот во Центар