Владата реши да се купат лесни оклопни возила од САД вредни 15 милиони долари

Лесни оклопни возила во вредност од 15 милиони долари за потребите на Армијата ќе купи државата, соопшти Владата по вчерашната седница.

Постапката е одобрена откако е прифатено Писмото на понуда од САД од 21 декември оваа година. Со ова, државниот секретар на Министерството за одбрана е овластен во име на Владата, по информирањето на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието, да го потпише амандманот/анексот на договорот за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата со Владата на Соединетите Американски Држави.

-Со оваа одлука Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на амандманот/анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари до Владата на Соединетите Американски Држави, се вели во соопштението на Владата.

Претходна вестПо 20-часовната расправа прекината седница за законот за ГА-МА, гласањето дополнително
Следна вестСанкции за 258 возачи, 16 возеле без дозвола