Санкциониран скопјанецот што возеше во спротивна насока во Ѓорче Петров

Полицијата денеска го пронајде лицето кое со своето возило возеше во спротивна насока во скопската населба Ѓорче Петров и потоа објави видео снимка на социјалната мрежа „Тик Ток“.

Лицето е идентификувано – С.С. (22) од Скопје и против него се преземени соодветни мерки и покрај соодветната санкција според Законот за безбедност во сообраќајот за возењето во спротивен правец, С.С. е санкциониран и за управување возило без возачка дозвола.

Претходна вестНови 33 заболени и 11 починати од Ковид-19
Следна вестХрватска ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години