Нов алпинистички подвиг направи познатиот македонски кардиолог и алпинист Сашко Кедев откако завчера го освои планинскиот врв Макалу. Тој утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев беше дел од експедицијата составена од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Македонскиот алпинист беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Макалу e sместен е на Хималаите, 19 километри југоисточно од Монт Еверест, на границата помеѓу Кина и Непал. Висок е 8,462 метри. Првото искачување на Макалу било на 15 мај 1955 година. Таа група на алпинисти била предводена од Жан Франко. Името на планината потекнува од зборот махакала, што значи Големиот Црн – второто име на божеството Шира.
Сашко Кедев има исклучителна колекција на искачени врвови, има освоено 10 од 14. врвови над 8.000 метри. Покрај Макалу тој ги има искачено и Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).