Предвремено и пред истекот на мандатот е вратен амбасадорот на Македонија во Прага, Чешка, Сашко Тодоровски, објави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи. На онлајн брифинг со новинарите тој ги наведе слабостите во работата како причина за оваа одлука.
-Имало констатирани нерегуларности во неговата работа, нефункционалност, лажно претставување на сопругата како културно аташе, непочитување на инструкциите од страна на МНР, и тоа е подолг процес. Процедурата за неговото враќање трае повеќе месеци, рече Османи.
Сашко Тодорвски беше вратен и од Стразбур, додека беше шеф на мисијата во Советот на Европа. Инаку, негова сопруга е Мирјана Најчевска, екс-претседателка на Хелшинскиот комитет. Тодоровски на функцијата во Прага беше од март 2021 година.