Поради саемот на книгата две нови автобуски линии

Од денеска до 10 мај 2023 година се вклучени две привремени линии кои сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“, каде се одржува „Саем на книга 2023“. Тоа се линиите 100 и 200, првата сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.

Како што информира ЈСП „Скопје“, цените на автобуските билети се редовни, според официјалниот ценовник на претпријатието, како за користење и на другите линии.

Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ и на Фејсбук.

Претходна вестЧествување на Гоце Делчев: Почит кон делото на предводникот на македонското револуционерно движење
Следна вестСашко Тодоровски предвреме вратен од амбасадорската функција во Прага, ја претставувал сопругата како „културно аташе“