СДС и ДУИ пред заминување ги покачија цените на катастарските услуги за 300%, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Катастарските услуги со промена на тарифниците во Службен весник ќе поскапат значително, а некои ќе чинат и до три пати повеќе. За упис на новокупен стан во Агенцијата за катастар на недвижнини, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот,дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата.

Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари. По овие случувања, денес со соопштение излезе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

– СДС и ДУИ пред заминување ги покачија цените на катастарските услуги и за 300%, народот со право вели дека немаме држава, треба да ја вратиме.

Од 15-ти февруари на сила е новиот тарифник и за геодетски и за катастарски услуги. За упис на новокупен стан во Катастар за имотен лист цената од 1.250 денари е зголемена на најмалку 3.750 денари, тоа е поскапување за 300%.

Уште поскандалозна е цената за предбележување на имотен лист во фаза на градба, за што ќе се плаќа по 5.250 денари по имотен лист.

Цените за останатиот дел на катастарски услуги се зголемени од 50 до 90 проценти, т.е. скоро двојно е зголемувањето.

Зголемени се цените на геодетските услуги – елеборати, проекти, мерење на невдижен имот, делби, власта буквално удира по џебот на народот.

Зголемувањето на катастарскитр услуги и за 300% нема оправдување во ниту еден изговор на власта, единствена причина зошто се покачува е заради криминалот кој го направија и буџетот кој го испразнија 6 ипол години.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестАвиокомпанија најави специјален лет до мистериозна дестинација, се пријавија повеќе од 1.000 луѓе
Следна вестЧекавме да зборуваат за економија, здравство, правда…, а тие пак за Уставот се фатија