СДСМ: Близок соработник на Мицкоски е фатен како поседува и шмрка кокаин на сред кафиќ

Еден од најблиските соработници на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, но и на Христијан Мицкоски е фатен како поседува и шмрка кокаин на сред кафиќ во Охрид, велат СДСМ. Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин, додаваат од оваа партија.

– Истакнатиот член на ДПМНЕ од Пештани, е Александар Толаманоски, со прекар Дандаро, кој работи како просветен работник! Толоманоски-Дандаро важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков. Дали ова се традиционалните и морални вредности што ДПМНЕ им ги промовира на младите и учениците? Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и овој скандал кажува многу за какви луѓе станува збор. Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски, а не само фасадата на Белата палата, се вели во соопштението на партијата.

Според СДСМ, ДПМНЕ е синоним за деструктивност, уназадување, кочничари и криминални структури!

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Возилото на убиениот Панче било 3 дена возено во Скопје без да биде сопрено
Следна вестЦУК: Над илјада повици на 112 во последното деноноќие, најбарана Итната медицинска помош