Според последниот извештај, во Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 1.504 повици на Единствениот број за итни случаи 112. „Реални“ повици за итни случаи биле 40,56%, а 59,44% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите институциите во Системот за управување со кризи коишто се за итно интервенирање.
Кон Центарот за управување со кризи имало 1,90% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 60,09% неитни повици“, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Распределбата на повиците за итни случаи, согласно генералната природа на настаните, била следната: кон Полиција биле упатени 47,47% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 48,10%, кон пожарникарите биле упатени 1,90%, а кон АМСМ 0,63%.