СДСМ: Издишаа лагите на Мицкоски дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник

Издишаа лагите на Мицкоски дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник и ќе се случи распуштање на Собранието, велат од владеачката партија СДСМ.

– Дојде крај на јануари, а нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собранието. Ниту има, ниту ќе има распуштање на Собранието, ниту пак има притисоци врз пратеници. Мицкоски, исплашен за својата фотелја во Белиот дворец, се заплетка во сопствените лаги, истакнуваат од СДСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС во паника прво удрија по медиумите, а сега вршат притисок на своите сопартијци
Следна вестУбедлив триумф на Македонија над Алжир