СДСМ: Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје го уништи ЈСП

За две години локалната власт на ДПМНЕ во Градот Скопје буквално го уништи јавниот градски превоз и создаде хаос во јавниот транспорт,обвини денеска СДСМ.

Ова партија укажува дека граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз секој ден, мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар, а дури се случи и тоа да за прв пат во историјата Скопје да остане без јавен превоз.

-ДПМНЕ го уништи ЈСП Скопје а две години, само заради политички хирови го блокираше проектот за нов и еколошки јавен транспорт БРТ. ЈСП Скопје се дави во долгови, не може да подели плата и не може да функционира.ДПМНЕ го создаде хаосот во ЈСП а советниците од оваа партија, кои го имаат мнозинство во Советот и се власт, не ја поддржаа одлуката за субвенционирање на ЈСП на вчерашната седница. Политичките интереси на Мицкоски и ДПМНЕ секогаш се пред интересот на граѓаните, пред интересот и потребите на скопјани, изјави Горан Шутаров, советник на оваа партија во Советот на Скопје.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Советот на Град Скопје направи обид повторно да го блокира функционирањето на јавниот превоз.

-ДПМНЕ го уништи ЈСП, а советничката група на СДСМ и коалицијата заедно со останатите свесни и одговорни советници успеавме да го спасиме ЈСП од нови блокади. Со доделените субвенции возачите во ЈСП ќе може да земат плата, да се сервисираат долгови а тоа во овој момент е најважно за граѓаните да имаат каков таков јавен превоз. ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БРТ немаше денеска да зборуваме за дополнителни субвенции катаклизми и хаос во јавниот превоз. БРТ е спас за јавниот превоз во Скопје. СДСМ ќе продолжи да делува одговорно во Советот на Град Скопје и ќе направи се што е потребно да ги заштити интересите на граѓаните на Скопје, нагласи Шутаров.

Претходна вестПротести во Штип, Кавадарци и Неготино: Антикризните мерки нема да им помогнат на оние кои земаат пензија од 12.000 денари
Следна вестНов проблем во школството: Никој не сака да рецензира реформирани учебници по Историја