Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2-ри Август – Денот на Републиката, соопшти денеска СДСМ.
Владеачката партија наведува дека се работи за празник кој е темел на македонската државност.
-Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава. Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината. Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел, нагласуваат од СДСМ.