Веќе 7 дена Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести, со кои сакаат да предизвикаат тензии во државата, соопшти денеска СДСМ.
Владечаката партија во своето соопштение наведува дека антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, помогната од Алијанса за Албанците се обиде среде Скопје да испровоцира меѓуетнички конфликт од огромни размери.
-Инциденти и обид за реприза на 27 април имаше пред зградата на Собранието, како и обид за насилен упад пред зградата на Владата. Антиевропската коалиција направила измислен, анонимен е-маил, како параван, и праќа фотографии по медиуми од протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Посебна тема е злоупотребата на деца на фотографиите што се лиферуваат од измислениот мејл. Зошто антиевропската коалиција има потреба да се крие кога целата јавност знае дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се организатори?, се наведува во соопштението.
САДМ потенцира дека ако Мицкоски и Апасиев мислат дека на овој начин ќе се спасат од одговорност за насилствата се лажат.
-Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани? Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио? Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани, соопшти СДСМ.