СДСМ: Мицкоски намерно поднесе неуставна иницијатива за референдум

Христијан Мицкоски намерно поднесе иницијатива за референдум, која е неуставна, самиот знаејќи дека неговиот референдум е осуден на неуспех поради слабата поддршка од граѓаните, соопшти СДСМ.

Владеачката партија тврди дека сето беше само уште една измама на Мицкоски.

-Колку ВМРО-ДПМНЕ не го познава или се прави дека не го познава Уставот говори и фактот што вечерва пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ цитира член од закон што се однесува на консултативен, а не на задолжителен референдум каков што бараше Мицкоски. Иницијативата беше уште една измама на Мицкоски за спас на сопствената фотелја во белиот дворец и бизнис-интересите на една екипа во неговото опкружување, се наведува во реакцијата.

СДСМ укажува дека во време на најголема економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима, Мицкоски беше спремен да потроши осум милиони евра од државниот буџет за спроведување однапред пропаднат референдум, кој требаше да биде неговата сламка за спас.

-Тоа е неодговорно и недозволиво. Тој негов обид за измама, за трошење милиони евра народни пари за лични хирови пропадна. Мицкоски е осамен и изолиран во антиевропската деструктивна агенда што носи штета за граѓаните и државата, се додава во соопштението.

Претходна вестЏафери ја отфрли иницијативата за Референдум, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е кукавички и неуставен потег
Следна вестДвајца малолетници краделе по подруми во Карпош