СДСМ: Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ

Најавите на Мицкоски дека одлучил ВМРО-ДПМНЕ да не номинира претставници во работната група за уставни измени кои се неопходни за продолжување на европскиот пат е само уште една потврда дека Мицкоски е против ЕУ и дека е во целосно заложништво на Левица, соопшти денеска СДСМ.

Владеачката партија потенцира дека нема да се откаже од европската иднина/

-Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ. На пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме да го блокирата европскиот пат на земјата. Деструктивниот потпалувачки наратив на Левица и ВМРО-ДПМНЕ е под секое ниво и не е добар за општеството и повторно ќе биде поразен, се наведува во партиското соопштение.

Од оваа партија порачуваат дека се рамо до рамо со граѓаните и дека ќе ги разобличат и овие промашени пропаганди на Левица и Апасиев.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива и Демократски сојуз го одбиваат и го условуваат учеството во работната група за уставни промени
Следна вестССМ: Работниците ќе бидат робови и роботи при изградбата на коридорите 8 и 10 – Д