СДСМ во изминатите пет години сериозно вложува во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес, велат од оваа партија.
– За 2023 година за капитални инвестиции во образованието се предвидени 18,3 милиони евра, што е за 8,9 отсто повеќе средства во споредба со минатата година.
Оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.
Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови.
Оваа година ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, како и изградбата на 10 нови спортски објекти во училиштата, се вели во партиското соопштение на СДСМ.
Покрај капиталните инвестиции имало и зголемување на платите на вработените во основното и средното образование и како што велат од СДСМ, платите во образованието од 2017 година досега се зголемени за вкупно 36 отсто.