СДСМ: Над 18 милиони евра за капитални проекти во образованието

СДСМ во изминатите пет години сериозно вложува во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес, велат од оваа партија.

– За 2023 година за капитални инвестиции во образованието се предвидени 18,3 милиони евра, што е за 8,9 отсто повеќе средства во споредба со минатата година.

Оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.

Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови.

Оваа година ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, како и изградбата на 10 нови спортски објекти во училиштата, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Покрај капиталните инвестиции имало и зголемување на платите на вработените во основното и средното образование и како што велат од СДСМ, платите во образованието од 2017 година досега се зголемени за вкупно 36 отсто.

 

Претходна вестРСБСП: Бидете одговорни и совесни возачи, возете безбедно во зимски услови
Следна вестМВР мора да е будно: Какво време дојде роденден на Гоце Делчев со полиција да одбележиш…