СДСМ: Наместо аматерски скечеви, пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши

Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ го послушале министерот Панче Тошковски дека ЕУ ќе ги толерира патувањата со стариот пасош со Република Македонија и тргнале кон Бугарија, но бугарската гранична служба не им дозволила да влезат со старите пасоши, па се послужиле со дипломатските.

Според кажувањата на двајцата пратеници во нивното објавено видео на социјалните мрежи, тие приложиле дипломатски пасоши, кои исто така се со старото уставно име на државата, граничарите им ја кренале рампата и им соопштиле дека досега не добиле инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“. На овој обид, со соопштение се огласија од владејачката СДСМ. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

– Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните.

Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец. Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ.

Како што истакнуваат, наместо да се потсмеваат со граѓаните преку аматерски и неумешни скечеви на границите, пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши и да го повикаат нивниот министер да си ја работи работата, стои во соопштението на СДСМ.

Претходна вестНеопходно е што поскоро да се стави крај на прекубројните градби и гушење на Скопје
Следна вестАвиокомпанија најави специјален лет до мистериозна дестинација, се пријавија повеќе од 1.000 луѓе