СДСМ: Наместо програма, нови празни ветувања на ДПМНЕ, Скопје е најголем пример

ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања. Тоа е партијата што едно ветува, а друго прави. Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

– Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови. Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии. Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси, тврдат од владеачката партија.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ во програмата „Платформа 1198“ се обврзува на нови 55.000 работни места и до 5 проценти годишен раст на економијата
Следна вестОсветлување на Археолошкиот музеј со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата-24 март