СДСМ направи „Коалиција за европска иднина“ со уште 12 партии и едно движење

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со лидерите на коалициските партнери потпиша коалициски договор со што формално се формира предизборната коалиција „Коалиција за европска иднина”.

„Коалицискиот договор денеска го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република.

-Коалицијата за европска иднина е целосно посветена на европскиот пат и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Коалицијата се залага за европски животен стандард за граѓаните, економски раст и развој преку директни вложувања и странски инвестиции, преку капитални и инфраструктурни инвестиции, но и преку поддршка на домашните компании, како и за достоинствен живот за пензионерите како основни постулати на предизборните активности и кампањи, се вели во соопштението.

Претходна вестПо протестот, лекари специјализанти добија ветување дека од април ќе им се покачи платата
Следна вестНа 8 мај граѓаните на гласачките места ќе може да одат само еднаш