Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
-Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа, изјави портпаролкатa.
За потсетување, претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара да се одржи лидерска средба за да се разговара за односите со Бугарија, економијата во Македонија, пописот и други теми.