СДСМ: Пад на индустриското производство од 7,9 отсто – економските политики на Мицкоски се промашени

Во месец септември оваа година индустриското производство бележи пад од 7,9 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Падот на индустриското производство е токму во месец кој треба да биде поттик на растот на економијата, соопшти денеска СДСМ.

-Ова е уште показател дека економские политикити на Мицкоски се промашени. И податоците на Светска банка се аларамнатни, со ДПМНЕ на власт македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, Светска банка очекува да биде само 1,8 отсто, наведуваат од најголемата опозициска партија.

Се додава дека власта нема мерки за да одговори на потребите на граѓаните за зголемивање на животниот стандард а од друга страна нема ниту развојни политики за економијата.

-Затоа просечната плата во земјата се намали за 1.000 денари, нема економски раст додека цените продолжуваат да растат. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема план а се покажува дека нема ниту капацитет за да ја развива економијата на државата, се наведува во соопштението на СДСМ.

Претходна вестСтотици граѓани во редици за подигнување на ваучерите за инвертери
Следна вестЦарина спречи шверц на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока и кабли за електрична инсталација