СДСМ: Пропаднаа лагите за наводна асимилација и бугаризација

Република Северна Македонија по 17 години во чекалната, ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Со првата меѓувладина седница и со скрининг процесот кој е во тек Северна Македонија го отвори направи историски исчекор кон реализација на стратешката цел – членството во ЕУ, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека преговорите се водат на македонски јазик, со чиста формулација, без никакви фусноти и додавки, со заштитен македонски јазик и со историски прашања надвор од преговарачкиот процес.

-Со тоа пропаднаа сите лаги за наводна асимилација и бугаризација, за загрозување на македонскиот идентитет што хистерично ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ. Времето покажа дека сите такви лаги служеле единствено за да се попречи напредокот на државата и таа да се врати назад во изолација и неизвеснот. Сега, потребно е сите да се вклучат во процесот на преговори, потребните реформи да бидат донесени за преговарачкиот процес да заврши што побрзо. Македонската иднина е европска и неа не може никој да ја загрози, се вели во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: УЈП и финансиска полиција дувло за рекет
Следна вестСо ноќен радар казнет 201 возач за брзо возење