Само по неколку владини одлуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е правецот наназад кон 2016 година, обвини денеска СДСМ.
-ВМРО-ДПМНЕ реши едно од претпријатијата со најголем буџет, Јавното претпријатие за државни патишта, да му го довери на Коце Трајановски. Шокантно е што градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот „Скопје 2014“, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Коце Трајановски е човекот кој во својата најтесна фамилија е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупиција која се подготвува во ова претпријатие, обвини опозициската партија.
СДСМ додава дека нема поголема потврда како планира да работи ВМРО-ДПМНЕ од оваа одлука со која рехабилитираат функционери кои нанеле државна штета од преку 700 милиони евра.
-Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи, порачаа од опозициската партија