СДСМ: Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ во Софија ја загрозија македонската самобитност и македонски идентитет

СДСМ денеска обвини дека секојдневно ВМРО – ДПМНЕ ги поткопува стабилните меѓународни позиции што ги изградиле додека биле на власт. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска на прес-конференција рече дека со последната посета на Софија, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозиле македонската самобитност и македонски идентитет.

-Секојдневно ДПМНЕ ги поткопува стабилните меѓународни позиции што ги изгради СДСМ. После посетата на Сиљановска и министрите на Мицкоски во Софија, сите граѓани без разлика на партиска припадност се понижени и засрамени. Вчерашната реакција на кабинетот на Сиљановска само потврдува дека Владата и претседателот на оваа држава ги лажат граѓаните. Како тоа биле тие измамени и непланирано се сликале на официјална фотографија? Како ако биле измамени да се фотографираат сите без македонското знаме, одма побрзаа да ги објават фотографиите на своите профили. Зошто објавиле фотографии ако целата ситуација била подметната? ДПМНЕ и Сиљановска ја вреѓаат интелигенцијата на граѓаните. Тие свесно се сликале, свесно објавиле и се пофалиле со скандалозната посета, потенцира Кузеска.

Таа додаде дека со оваа посета на Софија, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и македонски идентитет.

-За прв пат еден македонски државник се сретнал со друг државник без никакви државни обележја и ова е скандал без преседан. Ова е навреда и омаловажување на државата и нејзините граѓани. Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ иницираа дипломатски скандал со кој допуштија Бугарија да ја понижи и да избрише под со државата и македонските граѓани. Ако ова е тоа што го може македонската дипломатија под водство на Мицкоски и Сиљановска, како тоа ќе преговараат подобри позиции во меѓусебните разговори? Сиљановска ли е таа која ќе ги води овие разгвори или пак Муцунски кој остана нем и без реакција на дипломатскиот скандал кој ни се случи? Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет, а уште помалку достоинство за да преговара со Бугарија на било која тема. По овој скандал тие ја вратија државата години назад и ги нарушија сите позиции изградени претходно, нагласи таа.

Претходна вестПоради поседување дрога уапсени четири лица, меѓу кои малолетник и млада девојка
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања.