СДСМ со амандмани ќе реагира на предлог измените на Законот за државјанство

Не ги поддржуваме измените на Законот за државјанство во предложената форма, посочуваат од СДСМ. Од партијата имаат забелешки за кои најавија дека ќе разговара со пратеничките групи и ќе поднесе амандмани.

За потсетување, измените беа поднесени од пратеници на Алијанса и Алтернатива.

-За измените на текстот на Законот ќе разговараме со предлагачот и со другите пратенички групи и тие измени ќе ги направиме по пат на амандмани, а целта ќе биде обезбедување поширок консензус за да се дојде до соодветно решение. Измените на текстот на Законот за државјанство влегуваат во скратена процедура во Собранието бидејќи се работи за долгогодишен проблем за државата“, потенцираат од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека корекциите коишто ќе ги побараат ќе бидат во насока на почитување на меѓународните стандарди за решавање вакви проблеми.

Според предлог-законот, оној што сака македонско државјанство ќе треба да обезбеди изјави на кои било три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сè уште живее во местото во кое живеел барателот.

Пред два дена на предлог измените на законот реагираа и од „Левица“ опоменувајќи дека со нивно носење „на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!?“

Претходна вестУбаво, излегува нова книга, македонски лекар ја открива последната исповед на Тито
Следна вестИ ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за суштински промени на Законот за државјанство