СДСМ: Среде зима извезуваме струја, ВМРО-ДПМНЕ молчи

Од СДСМ велат дека Владата предводена од нив премногу успешно се справува со енергетската криза.

– Во време на светска енергетска криза обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата. Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија.

Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија, истакнуваат од СДСМ.

Од оваа партија велат и дека ВМРО-ДПМНЕ молчи бидејќи бил демантирани се сите нивни лаги и невистини со кои ширеа страв и паника кај граѓаните.

 

 

Претходна вестСтановите се поскапи, квадрат во Скопје стаса и до 2.200 евра
Следна вестСкопје меѓу десет најзагадени градови во светот, воздухот „нездрав“ за дишење