СДСМ: Стари кадри на Мицкоски за носители, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена

-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека не може да донесе никаква промена, велат од СДСМ.

-По Гордана Силјановска Давкова, како кандидат на ДПМНЕ за претседател на државата, која на минатите изборите загуби од Пендаровски, ДПМНЕ излегува со проверени кадри на режмот на Груевски, како Николоски, Мисајловски, Ковачки, за носители на листите.

Се потврди дека ДПМНЕ нема ни кадровска, ни програмска понуда.

Со стари кадри на Мицкоски како носители на листите, ДПМНЕ на граѓаните им нуди враќање назад во минатото, во изолација, далеку од членство во ЕУ и напредок.

Граѓаните сакаат јасна визија за иднината, визија која носи надеж, напредок, развој и европски животен стандард.

Затоа на претстојните избори ќе ја дадат својата поддршка за СДСМ, бидејќи сакаат Македонија да биде рамноправна просперитетна членка на ЕУ, а не изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре, велат од СДСМ.

Претходна вестНајмногу дожд во Радовиш 37 литри на квадрат, во Скопје 22
Следна вестНа парламентарни избори само партиски листи, добро ли е за демократијата да исчезнат независните кандидати?