СДСМ: Стартува најголемиот енергетски проект „Чебрен“

Енергетските политики на СДСМ даваат резултати. Владата предводена од СДСМ спроведува стратешки инфраструктурни проекти за енергетски сигурна и стабилна иднина, соопшти денеска СДСМ.

Владечаката партија наведува дека после 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува со реализација најважниот енергетски проект во државата, хидроелектраната „Чебрен“, инвестиција од над 1 милијарда евра.
-Новиот енергетски капацитет од 333 мегавати целосно ги задоволува потребите на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за реализација на Чебрен и не успеа, СДСМ направи успешна постапка со што овој проект влегува во фаза на реализација. Со успешната постапка се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните. Со промена на одлуката на Владата на ДПМНЕ од 2013 година, Тиквеш се внесува во заедничка компанија, 3 месеци по пуштањето со работа на ХЕЦ „Чебрен“, се посочува во соопштението на владејачката партија.

Целата инвестиција, како што појаснуваат, од над 1 милијарда евра е обврска на инвеститорот, државата и граѓаните нема да потрошат ниту денар за објектот. На крај се прави акционерско друштво во кое ЕСМ има 30 отсто сопственост.

Според нив, со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, се зголемува енергетската независност на нашата држава и стабилноста на енергетскиот систем, но и се намалува производството од јаглен.

-Енергетските успеси на СДСМ се реалност. За нецела година за 140 проценти е зголемена инсталираната моќност на капацитетите од обновливи извори, извозот на струја е преполовен од 30 на 15 отсто благодарение на овие инвестиции, цената на електричната енергија во време на енергетска криза е стабилна, а од 1 декември повторно стартува дневната евтина тарифа на струјата, се нагласува во напишаното

Претходна вестРекордна 400-та недела, Ѓоковиќ на врвот на АТП листата
Следна вестФФМ со порака за натпреварот со Англија: Влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:15 часот до 20:15 часот, навивајте коректно