СДСМ: Три дена молк на Мицкоски, на кого ветувал промена на Уставот

Трет ден трае молкот на Христијан Мицкоски за јавно поставените прашања.

Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот?

Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?

Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев нека не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку нека излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања.

Лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго е одамна познато

Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа стануваат се порадикални во деструктивното дејствување.

Мицкоски е слаб, исплашен и очаен и затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев“.

Претходна вестОсмани со лекција на колеџ во Варшава: Демократијата е нападната со демагогија, лажни наративи…
Следна вестВо Скопје казнети 126 возачи