Се чека Борко Ристевски да му одговори на Димевски за суспензијата

По објавата дека Македонскиот Олимписки Комитет го суспендираше македонскиот ракометен голман и наш репрезентативец Борко Ристевски и му изрече забрана од четири години вршење на работа во олимпискиот спорт, тој за утре најави прес-конференција. На пресот тој ќе ја изнесе својата реакција на суспензијата.

– Во „северна вукојeбина сè е можно, ама не со мене. Допрва ќе плачете криминалци, објави Борко на „Инстаграм“.

За потсетување, Ристовски е казнет со образложение дека во телевизиска емисија изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски. Пријавата е поднесена од истиот Димевски.

Претходна вестВладиката Петар: Вселенската патријаршија бара да не се именуваме никаде дека сме Македонска православна црква
Следна вестЛазаров одбра кој ќе биде во првиот тим против Луксембург