Лазаров одбра кој ќе биде во првиот тим против Луксембург

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, одлучи за дуелот со Луксембург предност да му даде на Марко Кизиќ од Еурофарм Пелистер, додека голманот на Вардар. Мартин Томовски својата шанса ќе ја чека против Турција.

Во Скопје останува Едвин Омерагиќ од Алкалоид кој доби дополнителен повик за овие подготовки по повредите на пивотмените Костадин Петров и Марко Стојковиќ.

Македонците утревечер од 20:15 часот му гостуваат на Луксембург во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство 2024.

Победа на „црвено-жолтите“ против Луксембург ќе значи голем исчекор кон обезбедување учество на ЕП 2024 во Германија.

Претходна вестСе чека Борко Ристевски да му одговори на Димевски за суспензијата
Следна вестВо Индија дневно се раѓаат 86000 деца, станува држава со најголем број на жители во светот