Испитување на околностите под кои починале вкупно 12 пациенти од корона вирусот, вршат инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Надзорот ќе се врши во неколку клиники во Македонија, а се случува по инцидентот со 41-годишната почината пациентка заболена од Ковид-19 во штипската болница, а за која јавно проговори нејзината ќерка.
Стручни надзори се прават за пациенти починати од Ковид-19, за последните два месеца при што се обезбедува и документацијата.
-Иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени за уште четири пациенти починати од Ковид-19, се наведуав во соопштението на ДСЗИ.
Од инспекторатот информираат дека бил извршен вчера вонреден надзор во клиничката болница во Штип.
-Согласно констатираната фактичка состојба со решение му е наредено на директорот на здравствената установа веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход, се вели во соопштението.