Иако ГТЦ има еден од поголемите паркинзи во центар, подземниот премин кој го користат неколку автобуси е претворен во пармкинг простор. Денеска, понеделнички, едната страна беше целосно исполнета со автомобили,па некои се снашле и некако се пикнале покрај жардињерите од другата страна.
Според начинот на кој се паркирани возилата може да се види дека некои влегле во еднонасочниот премин во спротивен правец. Ако се има предвид дека овој премин се користи од автобуси и движењето е од кај Градска болница кон Порта Македонија, можеме само да претпоставиме колкав ризик е ваквото движење.
Зошто некој би се паркирал тука и притоа би се движел во спротивен правец можеме само да претпоставиме- имајќи предвид дека паркињето во Скопје на некои паркинзи е ограничено на неколку часа, а онаму каде е можно подолго чини поскапо, најверојатно причина е да не платат. Но има ли некој ова да го регулира, ако за ништо друго барем за поради безбедност?