Темен режим Режим на светлина

Светна под Железничка – со години граѓаните го избегнуваа преминот поради темницата

Екипи на Град Скопје викендов целосно го обновија осветлувањето на паркингот под Транспортен центар во делот кај поштата, како и осветлувањето на сервисната улица на тој потег.

На овој простор, старите и расипани светилки се заменети со 30 нови светилки, од кои 22 на паркингот, а 8 на сервисната улица.

Осветлувањето не функционираше подолго време, и поради тоа многумина избегнуваа да се движат навечер таму. За ова имало и реакции од голем број граѓани имајќи предвид дека тука е почетна/крајна станица на многу автобуси, а тука е и меѓуградската/меѓународна автобуска станица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тестирани 1.318 - 234 нови заразени и 17 починати

Следна објава

Се наплаќа ли паркинг во подземниот премин кај ГТЦ?