Темен режим Режим на светлина

Жител на Врапчиште осомничен за лажен исказ пред суд

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на главна расправа во постапка по поднесено обвинение за кривични дела Лихварство и Изнуда.

Притоа тој ги негирал наводите од записникот за поднесена пријава, врз основа на која било поднесено обвинението против лицето осомничено за овие две кривични дела.​​

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Без вода дел од Карпош

Следна објава
Еден авион – различни летови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе извлечат ли поука Социјалдемократите?

Зимскиот туризам го развиваат само во предизборните спотови