Се обиделе да украдат метална конструкција од живинарска фарма

Три лица се приведени од страна на полицијата откако се обиделе да ја украдат металната конструкција од живинарската фарма во скопското село Маркова Сушица.

Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево ги привеле Е.Б.(22), М.Д.(25) и А.Д.(31), сите од село Елово, поради основано сомнение дека на 24.09.2020 се обиделе да извршат тешка кражба во живинарска фарма во с.Маркова Сушица, сопственост на Р.Р. од село Батинци. Тие со употреба на погоден предмет се обиделе да ја исечат металната конструкција од шталата. Со нив бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Претходна вестШто научија денеска растрчаните Заев, Царовска и Пендаровски во школите и факултетите?
Следна вестШтедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието