Обид за кражба на музички инструменти во сопственост на естрадниот уметник Горан Алачки имало синоќа во беровското село Владимирово. Но, благодарение на полициската интервенција кражбата е спречена.
Алачки, кој деновиве престојува во родниот крај, синоќа ја потврди информацијата за обидот за кражбата.
-Вечерва имаше обид за кражба на музички инструменти во село Владимирово. За среќа со интервенција на полицијата кражбата е спречена, истакна Алачки.
Повеќе детали за кражбата полицијата најави во текот на денов.