Се паркирале на Партизанска, па неколку лица им го демолирале возилото додека седеле внатре – МВР го расчистува случајот

Колеги вработени во приватна геодетска фирма од Скопје останале заробени во возило кое било цел на напаѓачи.

Според пријавеното, двајцата со автомобилот биле паркирани на подрачјето на Карпош, кога им пришле неколку лица кои со тврди предмети го оштетиле службеното возило на фирмата, додека тие биле внатре.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестУправата му се извини на Јакимовски што син му и снаата наместо венчаница добиле умреница
Следна вестСекое второ дете е невакцинирано или нецелосно вакцинирано во скопските градинки