Управата му се извини на Јакимовски што син му и снаата наместо венчаница добиле умреница

Управата за водење на матичните книги упати јавно извинување до градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој претходно денес објави дека неговиот син и снаата побарале венчаница, а добиле умреница.

Од Управата велат дека бил направен увид и утврден е пропуст.

– Административниот службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници. Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски за немилиот настан, велат од Управата.

Јакимовски претходно денес ја опиша ситуацијата како црн хумор, коментирајќи дека денот на нивната венчавка е впишан како ден на смртта, а младите луѓе се во шок.

Претходна вестЕскобар рече дека САД имаат проблем со комуникацијата со Курти, состојбата со динарите ја опиша како економски хаос
Следна вестСе паркирале на Партизанска, па неколку лица им го демолирале возилото додека седеле внатре – МВР го расчистува случајот