Од почетокот на обврската до сега во Македонија се казнети вкупно 26.882 граѓани заради неносење на заштитна маска, соопшти МВР. Само во текот на изминатово деноноќие санкционирани се 432 лица со казна која изнесува 20 евра во денарска противвредност.
-На територијата на целата држава на вкупно 788 лица им се издадени решенија за изолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки, информира МВР.
Оттаму апелираа сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.