Се помалку оптимизам, а гробиштата се поголеми, нема најава за крај на украинскиот конфликт

Во Украина веќе го нема оптимизмот што беше забележан минатата година за брзо завршување на конфликтот, јавува воениот дописник на шпанскиот весник „Мундо“ Хавиер Еспиноза. Според неговите зборови, самите Украинци веќе признаваат дека конфликтот може да се одолговлекува и да трае со години.

– Мора да се каже дека ова чувство се споделува низ целата земја, во сите делови на земјата каде што сум ја посетил. На исток, во областите блиску до фронтот, и во самиот главен град Киев, почнуваат да сфаќаат дека поранешната надеж за пробивање на руските линии и враќање на целата територија, за кратко време нема да се оствари, вели Еспиноза.

Според него, Киев сега мора да прилагоди сè, вклучително и економијата, на долгиот конфликт. Шпанскиот новинар укажува и на големите загуби на украинските вооружени сили.

– Има огромни загуби на украинската страна. Тоа е многу сериозно. Гробиштата секој пат стануваат се пошироки, вели Еспиноза, истакнувајќи дека бил во градови како Харков, Дњепропетровск, Запорожје и ги видел локалните гробишта.

– Секој пат можете да видите како тие се шират и како секој ден се појавуваат десетици и десетици нови гробови, нагласи Еспиноза.

Претходна вестГруби не претерува: Русија е виновна за инфлацијата, за неизградениот Коридор, за поттикнување меѓуетнички тензии…
Следна вестВо Скопје ќе се игра ЕП во пинг-понг