Нови двајца кандидати од денеска учествуваат во трката за нов лидер на СДСМ. Кандидатурата поднесоа Златко Ристовски, партиски активист од Битола, како и Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација.
Со ова сега има вкупно пет кандидати откако вчера кандидатури поднесоа Славјанка Петровска, Венко Филипче и Јован Деспотовски.
Инаку, рокот за поднесување на кандидатури истекува денеска. СДСМ лидер ќе избира на 30 јуни, а на 9 јуни на Конгрес ќе се анализираат причините за катастрофалниот изборен пораз.