Уапсен холанѓанец во Охрид откако искршил дел од опремата на амбулантно возило и се обидел да нападне и полицаец

Синоќа во 21:45 часот, во село Пештани, полицијата од Охрид го привела В. Р. Ј. (31) од Холандија. Тој агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош и оштетил дел од опремата на амбулантното возило.

Потоа се обидел физички да нападне полицаец кој бил на должност.

Полицијата информира дека против него е поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСе повеќе кандидати за лидер на СДСМ, во трката влегуваат и Бајдевски и Ристовски
Следна вестОд полноќ бензинот БС-95 ќе чини 80 денари