Се повеќе кандидати за лидер на СДСМ, во трката влегуваат и Бајдевски и Ристовски

Нови двајца кандидати од денеска учествуваат во трката за нов лидер на СДСМ. Кандидатурата поднесоа Златко Ристовски, партиски активист од Битола, како и Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Со ова сега има вкупно пет кандидати откако вчера кандидатури поднесоа Славјанка Петровска, Венко Филипче и Јован Деспотовски.

Инаку, рокот за поднесување на кандидатури истекува денеска. СДСМ лидер ќе избира на 30 јуни, а на 9 јуни на Конгрес ќе се анализираат причините за катастрофалниот изборен пораз.

Претходна вестМицкоски му порача на Гаши да се извини ако кажал дека неговата татковина е Косово: Од тука зема плата и го избраа нашите граѓани
Следна вестУапсен холанѓанец во Охрид откако искршил дел од опремата на амбулантно возило и се обидел да нападне и полицаец