Се претeрало со осмомартовскo славење, казнети 65 пијани возачи

Санкционирани се 65 возачи поради возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР. Полицијата наведува дека во текот на вчерашната вечер (08./09.03.2022) во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол во целата држава.

– Од казнети 65 возачи нив 20 се на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола…, наведува МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, укажува полицијата

 

Претходна вестПовремено облачно и студено време
Следна вестДали Владата ќе почне сериозно да штеди?