Четири лица се повредени од кои еден потешко откако вчера во центарот на Скопје, на крстосницата кај зградата на Европска Унија и Тутунска Банка, се преврте возило на брза помош со кумановски регистарски таблички. Возилото на брза помош најпрво се судрило со друго возило, по што се превртело.
Најтешки повреди има возачот на автомобилот „фолкфаген туран“ кој се судри со кумановското возило на Брза помош. Повреден е и пациентот, како и сопатничка од возилото за Брза помош.
– Во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.