Се реконструира зелениот појас на десната страна на кејот на Вардар во Скопје

Отпочна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, соопшти денеска Градот Скопје.

Проектот ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило.

-Се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од мост „Генерал Михајло Апостолски“ до мостот „Близнак“, на должина од над 1500 метри должина, при што се поставува нова хидрантска мрежа и формира над 12.000 метри квадратни нова зелена површина, се наведува во информацијата.

Претходна вестЗапалено возилото на екс полициски началник во Струга
Следна вестВладата ја ограничи маржата за училишниот прибор, моливите се набавувале по 54,1 денар, а се продавале и за 120